Ова се неколку верувања и обичаи од различни страни во светот, а се поврзани со тоа што да облечете или направите вечерта на 31-ви декември:
Црвената долна облека не се заборава, ако сакате да ве следи среќа во љубовта.
Ако веќе ја имате љубовта на вашиот живот или моментално не ви е приоритет, облечете жолта долна облека. Таа гарантира среќа и просперитет.
Наводно, она што ќе го облечете врз долната облека, исто така игра улога. Ако се облечете гламурозно – така ќе се чувствувате следната година. Ако одберете лежерна варијанта – годината ќе биде опуштена.
Во Бразил, носењето на бела облека вечерта на Нова година симболизира чист и невин старт.
Во Италија на пример, некои луѓе фрлаат стари ситници низ прозорецот, вообичаено некој искршен порцелан, што го симболизира простувањето со старите и бескорисни работи.
Ако сакате да ве следи среќа во текот на следната година, пробајте да ја привлечете како што тоа го прават во Кина – подгответе јадење во леќа. Наводно, таа привлекува просперитет.
И на крајот, пред дочекот на Нова година, исчистете го домот. Ова не е обичај поврзан со некоја страна од светот, туку Фенг Шуи совет. На тој начин ќе се ослободите од непотребните натрупани работи и ќе направите простор за нови и поубави работи.
Дозволете енергијата да циркулира во новата година.