Од опозицијата велат дека целта на утрешната средба меѓу лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Мицкоски и претседателот на државата, Пендаровски, е да се дојде до правда за осудените од 27 април.
Утрешната средба за аналитичарите е позитивен сигнал дека во иднина ќе продолжи ваквата пракса, а ќе изостане традицијата од минатото кога претседателот на државата често се игнорираше како институција.
И шефот на државата смета дека таквиот чекор води кон враќање на политичкиот дијалог во земјава.
-Добро е што по девет месеци некомуницирање, ВМРО-ДПМНЕ воспоставува комуникација со институцијата претседател, што може да биде во насока на попродуктивен политички дијалог, вели Пендаровски во изјава за Дојче Веле.
Одмрзнувањето на односите помеѓу претседателот и опозицкста партија го поздрави и премиерот Заев, кој смета дека државата од ова може да има само корист.
-Нека има дијалог, Од тоа нема зијан. Гледате, мојата средба со Мицкоски, а потоа и со Зијадин Села и со Африм Гаши даде делумни резултати. Во однос на осудените тука не станува збор за ново помилување, туку дека секој има право да побара ново судење доколку има нови докази и аргументи, вели Заев.