-Ќе расправаме за актуелната политичка состојба, ќе не информира претседателот на партијата до кај се разговорите со потенцијалните нови коалициски партнери и секако ќе се отвори дебата во однос на неговата оставка, информира вечерва пред седницата на Централниот одбор на СДСМ, членот на Извршниот и на Централниот одбор на партијата Мухамед Зеќири.
Тоа што ќе се реши, како што кажа, секако на крај ќе се соопшти на медиумите и на јавноста.
-Што ќе реши мнозинството тоа ќе биде одлуката. Ќе видиме како ќе тера дебатата внатре. Ако се отвори постапката ќе има секој право да се кандидира што ги исполнува условите, рече Зеќири.
Заменик претседателката на СДСМ, Сања Лукаревска изјави дека имаат повеќе теми за дискусија – следните чекори на партијата, околу парламентарното мнозинство, актуелната политичка состојба.
-Тоа ќе го дискутираме на Извршниот и на Централниот одбор бидејќи самите овие две седници се токму по негово барање, рече Лукаревска околу оставката на Заев.