Полицаец пред секое училиште, заклучени школски влезови, забранет влез во училиштата за сите, освен за ученици и наставен кадар, но и многу брза безбедносна проверка при дојава за бомба за да не се наруши редовната настава. Ова нефоцијално се дел од новиот протокол на МВР и МОН кои ќе обезбедат сигурна редовна настава и покрај сајбер заканите.
Протколот беше најавен од премиерот Ковачевски.
„Денеска ќе имаме состанок со раководствата на министерствата за внатрешни работи и за образование, на кој ќе разговараме во однос на носење дополнителни мерки и за целосно неутрализирање на овој проблем….„ За да се спречи напуштање на училиштата, МВР и МОН секојдневно работат со цел да се изнајде начин како да се спроведат процедури кои ќе обезбедат сигурност Дба, а децата да можат да посетуваат настава.“
Опозицијата пак, бара одговорност и од шефот на државата Пендаровски кој како што рече Мицкоски, наместо да го свика Советот за безбедност молчи. Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ вели дека Спасовски и Шаќири допиолнително ја влошуваат ситуацијата.
Денеска добив уште една уште пошокантна информација, не знам колку е точна, треба да се провери, дека неколку директори во училишта во Скопје, и во основни и во средни, биле посетувани, повторно поставувам како дилема, биле посетувани од страна на припадници на Министерството за внатрешни работи и биле советувани да ги игнорираат дојавите кои што стигнуваат на службените мејл адреси, односно на електронска пошта, да ги игнорираат како тоа да не се случува, па дури и некој биле советувани и воопшто да не ја отвораат електронската пошта…За жал повторно ќе кажам, се соочуваме со максимално криминални и неспособни политичари, кои што немаат стратегија и не знаат како да се справат со предизвиците, а жртва се најмилите, а тоа се нашите деца, учениците без разлика дали се тоа во основните или во средните училишта,
Од инцијативата „Учебници и настава мора да има“, пак, со дописи до МВР и МОН бараат итно да се изготват нови протоколи со цела учениците да имаат безбедно и непречено образование во училиштата. Во спротивно се закануваат со протест.
„Доколку не се реши овој проблем кој е тежок товар за сите, после 15 дена ќе излеземе на протест и таму ќе ги искажеме сите останати незадоволства и неправди со кои се соочуваат нашите деца во образованието. ..Чашата е прелиена! Немаме учебници, немаме свидетелства, немаме безбедност еве сега сакаат да НЕМАМЕ И НАСТАВА“, велат од инцијативата.
Новите протоколи кои повеќе нема да ги вознемируваат учениците и наставниците, но и родителите кои секојдневно при дојава на бомба мора вонредно да излегуваат од работа или да ангажираат блиски за детето да биде навреме згрижено од училиште ги најави минситерот за внатрешни работи. Препораката од МОН, пак, за онлајн настава при последните масовни дојави се покажа како нефикасна и тешко спроведлива.
Денеска школскиот ден помина без дојави, но ниту МВР ниту МОН даваат детали дали денеска дале некаква нова препорака до училиштата.