Новинарот Сеад Ризвановиќ го анализира последиот инцидент на Кримскиот мост што го спојува полуостровот со Русија каде утрово експлодира камион, при што се запалија седум цистерни со гориво во воз што во тој момент минувал таму.

Во продолжение неговиот став

Нападот на мостот на Крим е сериозна ескалација на украинската стратегија и овој напад укажува на 4 поенти:

1.Русија не може да ги одбрани, ниту да ги контролира областите кои ги смета за свои.
2.Руската стратегија за одвраќање на украинските напади со закани со нуклеарно оружје не ја одвраќа Украина од напади на целата окупирана територија, вклучувајќи го и Крим.
3.Доколку Русија повторно не одговори, како што не одговори за нападот на воздушната база ‘Саки’ на Крим и потопувањето на бродот ‘Москва’ тоа ќе значи дека Путин нема премногу опции или дека конвенционалните воени опции му се лимитирани.
4.Украина покажува дека има капацитети за офанзивно делување на целата своја територија, пишува Ризвановиќ.