Македонија се наоѓа на ниското 85 место во светот, во група со Палау на 84-то и Брунеи на 86-то место. Во споредба со 2020 година Македонија оваа година има пад за четири места на индексот на корупција, од 81-во на 85-то.

Во Европа најмалку корупција има во Финска, Норвешка и Данска, додека во нашиот регион најдобро рангирани се Словенија 29, Грција 37 и Хрватска 47-мо место.

Најлошо рангирани се Албанија и Босна на 125 и 131 место.