Шведската премиерка Магдалена Андерсон е заразена со корона вирус, соопштија од нејзиниот кабинет.
Педесет и четиригодишната Магдалена Андерсон е една од партиските лидери заразени со вирусот, како и неколку членови на кралското семејство.
Се наведува дека се чувствува добро, дека ги почитува препораките на лекарот и дека ќе работи од дома.
Во Шведска од почетокот на годината секојдневно расте бројот на нови случаи на заразени.
За 24 часа се регистрирани околу 25.000, но се очекува до крајот на месецот да достигне речиси 70.000, пренесува Ројтерс.