Андерсон ќе го наследи актуелниот премиер Стефан Ловен, откако вкупно 117 пратеници гласаа „за“ неа, 57 беа воздржани и 174 гласаа против.

Според шведскиот систем, на кандидатот за премиер не му треба поддршка од мнозинството во парламентот, туку само против него да нема мнозинство.

Според шведскиот Устав, премиерите можат да управуваат се додека парламентарното мнозинство – минимум 175 пратеници – не е против нив.