Министерот за надворешни работи на Шведска, Тобијас Билстром, во Белград изјави дека Србија мора да се усогласи со политиката на Европската унија кон Русија, дека мора да спроведе реформи и дека се очекува да се применат сите норми од договорот и анексот на договорот со Приштина.

„Руската инвазија на Украина суштински ја промени безбедноста на Европа. Очекуваме нашите партнери да се координираат со нас и да преземат стратешка одговорност за заедничката безбедност“, рече Билстром на прес-конференцијата со српскиот претседател Александар Вучиќ.

Вучиќ рече дека Билстром инсистирал Србија да воведе санкции кон Русија и дека руската агресија против Украина променила сè.

„Така и Шведска, по 200 години неприпадност во воениот блок, реши да му припадне на воениот блок. Реков дека некој мора да ја разбере и нашата позиција, бидејќи тој блок не бомбардираше без дозвола на Советот за безбедност на ОН во 1999 година“, рече Вучиќ.