Актуелниот претседател Си Џинпинг беше повторно избран за претседател на Кина, а ова ќе биде негов трет мандат. Парламентот го избра со 3.000 гласови.

Назначувањето на претседателската функција од страна на кинескиот парламент доаѓа откако во октомври лани на Џинпинг му беа доделени уште пет години како шеф на кинеската комунистичка партија и на војската – двете позначајни лидерски позиции во кинеската политика.

Тој положи заклетва во Парламентот со една рака крената во тупаница, а другата поставена на кинескиот Устав.