Едно лице го загуби животот, а уште двајца мажи се со повреди по експлозија што синоќа се случила во дворот на семејна куќа во близина на Панчево, Србија.

Како што пренесуваат медиумите,  на повредите им подлегнал Драган П., додека повредените се пренесени и згрижени во здравствена установа.

Полициски службеници веднаш по пријавата излегле на терен и ја обезбедиле локацијата за да се сочуваат трагите.

Според првичните полициски наоди, до трагедијата дошло по активирање на експлозивна направа во приватниот имот каде биле присутни повеќе лица.

Во официјалното известување од српското Министерство за внатрешни работи накратко се соопштуваат првите преземени мерки:

„Според соопштението на Министерството за внатрешни работи на Србија, експлозијата настанала како последица на активирање на експлозивна направа. Веднаш по пријавата, полицијата го обезбедила местото на настанот, а истрагата се спроведува во соработка со Вишото јавно обвинителство во Панчево.“

Дополнителните детали до кои дојдоа тамошните медиуми говорат дека настанот се случил за време на приватна забава. Како што се наведува во нивните пренесени сознанија, несоодветното ракување со оружјето било причина за несреќата.