Земјотрес со јачина од 5 степени според Рихтеровата скала денеска го погоди источниот дел на Турција.

Ова го соопшти турската Агенција за управување со катастрофи и вонредни состојби (АФАД).

Според АФАД, земјотресот го погодил округот Баталгази во провинцијата Малатија околу 6:20 часот наутро по локално време, а бил почувствуван и во провинциите Малатија, Елазиг, Адијаман, Тунџели и Шанлиурфа.

„Во моментов нема извештаи за какви било негативни последици“, соопштија од агенцијата, додавајќи дека е во тек проценка на состојбата на терен.

Според податоците на АФАД, Турција е една од сеизмички најактивните земји во светот и секоја година регистрира најмалку еден земјотрес со јачина од 5,0 степени или повеќе.