Унгарскиот министер за надворешни работи Петер Сијарто изјави во Белград дека Србија и Унгарија не дозволија да се политизира прашањето за вакцинација, јави дописникот на МИА од Белград.

-Не прифативме наместо нашите експерти да одлучува некој што е далеку и кој не ги знае нашите услови, изјави Сијарто пред новинарите по состанокот со српскиот министер за надворешни работи Никола Селаковиќ.

Тој додаде дека доколку „не набавиле вакцини од исток, од Кина и Русија, многу помал број луѓе би биле вакцинирани за кратко време, а со тоа и помалку луѓе би се спасиле.“

Тој додаде дека Унгарија учествува во подготвителните разговори на ЕУ за т.н. ковид пасоши, предвидени само за вакцини одобрени од Европската агенција за лекови (ЕМА).

-Мислам дека тоа не може да биде дискриминирачки пасош и дека мора да ги почитува регулативите на ЕУ. Ние не прифаќаме во однос на ковид пасошите да се прифаќаат само вакцините одобрени од ЕМА, туку во иднина прифаќање и вакцините одобрени на национално ниво, изјави peterСијарто.