Аналитичарите велат дека и тишината кажува многу работи.

-Што и да е, очигледно е дека режимот се обидува да купи време. А режимот купува време ако е претседателот е многу болен, онеспособен или мртов , рекол Ниц Чизмен, политиколог и професор по демократија од Универзитетот во Бирмингем.

Магафули последен пат се појавил во јавноста на 27-ми февруари. Симптоматично е дека овој католик ги пропуштил тринеделните миси од кои често и се обраќал на заедницата.

Само неколку дена подоцна министерот за финансии Филип Мпанго кашлал и тешко дишел на прес-конференција која ја свикал за да ги демантира гласините дека претседателот починал од Ковид-19.

Отсуството на Магафули се поклопува со низа смртни случаи и болести припишани на респираторни проблеми или воспаленија на бели дробови.

Магафули со месеци зборувал за тоа дека вирусот во Танзанија го нема бидејќи е истеран со молитва. Одбивал да носи маска или да презема мерки за затворање.

Земјата престанала да објавува податоци за заразени уште во април минатата година.

На, една недела пред да биде последен пат виден, Магафули признал дека вирусот се уште циркулира.