Унгарија денеска ќе обезбеди три теренски противпожарни возила кои треба да помогнат во гасењето на пожарите.
Ваквата информација на својот Фејсбук профил ја сподели унгарскиот министер за надворешни работи Петер Сијарто.
Одлуката доаѓа по вчерашниот телефонски разговор со неговиот колега, Тимчо Муцунски.
Дополнително Унгарија ќе испрати и два хеликоптери на унгарското воздухопловство кои ќе бидат директно вклучени во гасењето на големите шумски пожари што ја зафатија земјава.
Шефот на македонската дипломатија, Тимчо Муцунски вчера соопшти дека во разговорот со Сијарто изразил голема благодарност за солидарноста и ја нагласил, како што објави, важноста на соработката меѓу нашите земји во вакви критични моменти.