Сијарто, кој учествува на неформален состанок на министрите за надворешни работи на ЕУ на Брдо кај Крањ, оцени дека е „за жалење“ фактот што ЕУ не може да напредува со процесот на проширување и го повика Брисел да биде поодлучен, соопшти Политика.

– Ја загубивме Велика Британија и не можевме да постигнеме напредок со Западен Балкан. Тоа е и штета и проблем, изјави Сијарто.

Тој додаде дека сите земји од Вишеградската група ја поздравуваат иницијативата на Србија, Македонија и Албанија за Отворен Балкан.

Според Сијарто, на Западен Балкан „дефинитивно клучна земја е Србија“.