Средбата Трамп-Путин е клучна за мирот, но ЕУ се обидува да го попречи процесот, истакна унгарскиот министер Петер Сијарто

Средба Трамп-Путин е од исклучителна важност за решавање на конфликтот во Украина. Изјави шефот на унгарската дипломатија, Петер Сијарто, истакнувајќи дека Европската Унија се обидува да ја саботира оваа иницијатива.

„Ја повторив позицијата на Унгарија дека решението за војната во Украина не е на фронтот, туку на преговарачката маса. Американско-рускиот договор дава најголема шанса за мир. Поради што Унгарија ја поздравува и со нетрпение ја очекува претстојната средба меѓу двајцата претседатели“, рече Сијарто во објава на Фејсбук.

Тој додаде дека Унгарија постојано се залага за прекин на огнот, мировни преговори и зачувување на дипломатските канали. Тој посочи дека ова беше цел и на европските и на американските политички лидери.

„За жал, мораме да констатираме дека политичарите од Европската Унија кои се залагаат за војна го користат секој преостанат ден до петок. За да го поткопаат патот кон мирот и да го спречат успехот на средба Трамп-Путин“, предупреди Сијарто.

Тој заклучи дека Унгарија е заинтересирана за успех на средбата на највисоко ниво. Додаде дека ќе обезбеди целата потребна поддршка и дека ќе вложи максимални напори за да ги спречи обидите од Брисел да ја нарушат или отежнат средбата.