Унгарија ќе отвори хуманитарен коридор за граѓаните од трети земји како Иран или Индија кои бегаат од Украина, ќе ги пуштат без виза и ќе ги однесат до најблискиот аеродром Дебрецен, изјави денеска унгарскиот министер за надворешни работи Петер Сијарто.
Сијарто, исто така, во видео објавено на неговата страница на Фејсбук, рече дека преминувањето од Украина е континуирано на пет премини, но автомобилите чекаат во ред од три до пет километри на украинската страна.