Советот за женско претприемништво на Општина Битола денеска организираше настан на кој присуствуваше претседателката на Македонија, Гордана Сиљановска Давкова. На настанот, кој се одржа во ресторан „NOYA“, присуствуваа и градоначалникот на Битола, Тони Коњановски, заменик градоначалничката Марина Крстиќ и претседателот на Советот, Бојан Бојкоски.

Целта на овој настан беше да се создаде заедница во која жените ќе се охрабруваат меѓусебно и ќе ги препознаваат можностите на новото време. Сиљановска Давкова истакна дека “секој промена започнува со една охрабрена личност, а секоја силна заедница започнува со луѓе кои се подготвени да вложат во себе и во другите”.

Во пријатна атмосфера, посетителите имаа можност да ја проследат изложбата на жени кои преку својот труд и креативност создаваат вредности во заедницата. Малиот саем не беше само претставување на нивната работа, туку и сведоштво за истрајноста, знаењето и храброста зад секое дело.

На настанот беше испратена порака дека “вредно е да се учи, да се расте, да се остане достоинствен” и дека вистинското лидерство започнува со грижа за човекот. Визијата на Советот за женско претприемништво е да изградат заедница од жени кои ќе бидат љубопитни, образувани и храбри во препознавањето на предизвиците на новото време. Сиљановска Давкова нагласи дека успехот не се мери само со постигнатото, туку и со начинот на кој ги инспирираат другите.