Земјотрес со јачина од 4,1 степени според Рихтеровата скала е регистриран во Јадранското Море во близина на брегот на Италија. Земјотресот е регистриран во 10.38 часот, а епицентарот бил во морето меѓу Анкона и Пезаро на длабочина од два километри.

Земјотресот го почувствувале жителите на Анкона во италијанската област Марке.

Сеизмичката епизода беше многу кратка, но ја стресе покуќнината во куќите, а се почувствува и на приземјето.