Земјотрес со јачина од 5,9 степени по Рихтеровата скала е регистриран во близина на островот Родос во Грција. Земјотресот најсилно ги погодил Карпатос и Крит, а потресот се почувствувал и во Турција и во Либан.
За среќа не е забележана поголема материјална штета од силниот потрес најмногу заради тоа што епицентарот на земјотресот бил во морската област.
Според податоците од грчкиот Геолошки институт, длабочината на змејотресот била на 22 километри, а епицентарот бил на 58 километри југоисточно од градот Линдос на островот Родос.