Според проценката на Геодинамичкиот институт на Националната опсерваторија во Атина, земјотресот кој се случил во 11 часот и 12 минути бил на длабочина од 47 километри, пренесува Катимерини.

Земјотресот бил со јачина од 4,3 степени според Рихтеровата скала, а неговиот епицентар бил во близина на населбите Агиос Николаос и Веланидија на полуостровот Ватика, додека потресот бил почувствуван во целото подрачје на Лаконија.