Земјотрес со јачина од 7,4 степени според Рихтеровата скала денеска ја погоди Колумбија, според податоците на Европско-медитеранскиот сеизмолошки центар.
Потресот се случил на околу 34 километри северозападно од градот Картаго, а епицентарот бил на длабочина од 115 километри.
Засега не е познато дали има жртви или предизвикана материјална штета.
