Со именувањето на тројцата членови од страна на претседателката Сиљановска Давкова, Советот за безбедност на Република Северна Македонија е во полн состав:
Претседател на Советот за безбедност е претседателката Гордана Сиљановска Давкова.
Членови на Советот за безбедност се:
·Африм Гаши, претседател на Собранието,
·Христијан Мицкоски, претседател на Владата,
·Панче Тошковски, министер за внатрешни работи,
·Владо Мисајловски, министер за одбрана,
·Тимчо Муцунски, министер за надворешни работи и надворешна трговија,
·Џевдет Хајредини,
·Малинка Ристевска Јорданова, и
·Владимир Спиридонов.