Според неа, ако постои Јанус со две лица, тогаш постои нашиот премиер со многу лица.
– Не паметам став до кој се додржал. Не знам колку пати го сменил. Инаку дека и во поглед на идентитетот и во поглед на јазикот не верувам бидејќи со склучувањето на Преспанскиот договор таму има одредби дека оние луѓе мои роднини од таа страна на границата не се Македонци и зборуваат некој друг јазик, изјави Силјановска-Давкова.
Со промената на името и сето она што оди со тоа рече таа, масовно почнаа да не потпишуваат како “Северномакедонци“.
– Како може да сум родена во Македонија и да немало војна и територијални поделби и да умрам во Северна Македонија. И ние дефинитивно требаше да го следиме примерот на Бугарија. Ако во бугарскиот парламент си донесоа Декларација, и ние требаше овде да манифестираме и да изградиме национална политика кон најважните национални прашања. А вака сме како вејки на ветрот, децидна е Силјановска-Давкова.