Шокантно делуваше обраќањето на премиерот. Прво, ниту ги чувме причините за разрешувањето, треба да се заблагодарите, бидејќи ова што денес го слушавме за Алијанса минатата година го слушавме за Алтернатива. Второ, излагањето немаше врска со работата на Владата. Требаше да слушнеме што е сторено, што треба да биде направено, со кои кадри, на кој начин, а не ние слушнавме дека не станува збор за имиња и презимиња, да станува збор за личности кои работеле за народот, која му е пораката со вакво обраќање, рече професорката Гордана Силјановска Давкова, која е и пратеник од редовите на ВМРО-ДПМНЕ на гостување во Тема на денот во централниот Дневник на телевизија Сител коментирајќи го обраќањето на премиерот Димитар Ковачевски.
Според неа гола реторика е обвинувањето на СДСМ дека ВМРО-ДПМНЕ ништо не направиле.
„Како тоа опозицијата ги лаже граѓаните се знае кој ги лаже, оној кој е на власт“, посочи Силјановска.
Силјановска посочи дека граѓаните најдобро чувствуваат дека Владата не е реформски настроени и за ЕУ, по сите параметри ние не сме настроени кон ЕУ
„Навредливо е ЕУ да се третира како догма, навредливо е ЕУ да е алиби за сите што ќе застанат зад оваа Влада, на пример јас препознав Европјани и во оние кои заминуваат“, вели Силјановска.
Говорејќи за најавите на ВМРО-ДПМНЕ за предвремени парламентарни избори Силјановска рече дека не може да се каже дека тоа пропаѓа.
„Ако излеговте на избори со Беса и таа си замине, ако Алтернатива логиката на програмата на изборите ја гради на анти-ДУИ и влезе во Влада па излезе, дополнително заминува едниот премиер. И лаик ќе рече немате легитимитет, како се решава тоа само на избори“, рече Силјановска укажувајќи ако оваа Влада е толку јака како што вели ќе распише избори.
Силјановска укажа и дека ова што се случува укажува на едно на разногласие и оти тоа е мешање масло и вода, различни идеологии или отсуство на идеологии.