Македонската влада треба да обезбеди поволности на студентите од Турција. Ова е заклучокот од денешното издание на емисијата „Еспресо со Златев и Боцевски“ каде гостува волонтерката Христина Панева која е активна на пунктот за собирање донации за Турција и Сирија на плоштадот во центарот на Скопје.

Во заедничка дебата меѓу водителите меѓу Златев, Боцевски и гостинката Панева беше заклучено дека не е лесно да живееш сам во странство, па затоа дека нашата влада би требало да им помогне преку различни поволности, како на пример да не плаќаат студентски дом, или да им се обезбеди траен престој во државава.

Не станува збор за огромна бројка на студенти, па затоа и не би било тешко да го изведе тоа македонската влада.

Ако им се простат 3.500 денари во студентски дом на месчено ниво државата нема да изгуби ништо, заклучи новинарот Златев