Силна експлозија одекнала на новогодишната ноќ во населба во градот Филаделфија на североистокот на САД и срамнила четири куќи со земја. Нема извештаи за можни жртви, но има повредени.
Во извештајот на лондонскиот дневен весник Сан се наведува дека причина за експлозијата очигледно било „истекување на гас“.
Сведоци од соседството потврдија дека од силината на детонацијата целата населба се тресела.