Француската полиција во текот на новогодишната ноќ ширум земјата привела 490 лица а во текот на немирите биле опожарени и целосно уништени 69 автомобили, соопшти во неделата министерството за внатрешни работи.

„Запалени се 690 автомобили… Полицијата и жандармеријата спроведоа 490 приведувања… Со тоа 2022-ра е годината во којашто на новогодишната ноќ беа запалени најмал број автомобили, а беа извршени најголем број приведувања“, се наведува во соопштението објавено на Twitter профилот на францускиот министер за внатрешни работи Жерал Дерманен.

Во објавата се наведува и дека во текот на новогодишната ноќ за одржување на јавниот ред и мир биле ангажирани 90.000 полицајци и жандарми. Покрај тоа, се наведува и дека има бројни повредени меѓу службениците за спроведување на законот.

Минатата новогодишна ноќ на дочекот на 2022 година ширум Франција беше уапсено 441 лице поради нарушување на јавниот ред и беа запалени 874 автомобили.