Десетици лица се повредени и најмалку двајца се водат како исчезнати во денешната експлозија во Хемиска фабрика во Кочевје, Словенија, а властите ги повикаа локалните жители во близина на објектот да не ги напуштаат домовите.

Експлозијата во хемиската фабрика Меламин била пријавена околу 8.30 часот. Засега не е познато што ја предизвикало.

Кочевје, град на околу 55 километри југоисточно од Љубљана, има околу 8.000 жители.

„Ги советуваме жителите во околината да ги затвораат прозорците и да не излегуваат надвор за време на интервенцијата. Исто така, не треба да се приближуваат до местото на несреќата“, соопшти локалната полиција.