Орце Симов од Сојузот на стопански комори (ССК) апелира за помош за фирмите во Македонија поради тоа што се жалат на високите сметки за струја.
-Компаниите плаќаат неколкукратно поголеми цени во однос на претходните месеци. Тие што плаќаа по милион денари во јуни, сега плаќаат по 2,3 по 4 милион денари. Компаниите сега што плаќаат милион денари, до лани плаќале по 100.000 денари за струја. Ликвидноста и стабилноста на компаниите е доведена во прашање поради високата набавка на енергенси, инфлација и други негативни фактори што се на пазарот, рече Симов во дебатната емисија „24 анализа“.