Од ВМРО-ДПМНЕ прашуваат уште колку грешки има пописот за да биде комплетен откако Апостол Симовски призна грешка.
-Симовски призна дека првично објавиле погрешен број на атеисти, кој број подоцна е корегиран.Претходно во пописот се заведени над 200.000 христијани, кои не спаѓаат ниту во групата православни, ниту во католици. Над 132.000 граѓани се непопишани, односно за нив нема етничка припадност. Доколку Симовски сака може дополнително да се помине кај тие граѓани, кои се евидентирани како непопишани, но тоа не се прави, велат од партијата.
Посочуваат дека токму затоа ВМРО-ДПМНЕ по доаѓањето на власт ќе спроведе дополнителен електронски попис, кој ќе даде јасна слика, и ќе ги разреши сите дилеми и недоследности кои се појавувале.