МВР најави проверка на реакцијата во кризна ситуација

Министерството за внатрешни работи соопшти дека денеска од 15 часот и утре од 13.30 часот на меѓународниот аеродром „Свети Апостол Павле“ во Охрид ќе се одржи симулациска вежба.

Целта на активноста е проверка на подготвеноста, координацијата и ефикасноста на надлежните институции при справување со кризни и вонредни ситуации, информираат од МВР.

Засилено обезбедување и симулирани детонации

Од Министерството посочуваат дека на аеродромот и во неговата околина ќе има зголемено присуство на полициски службеници и возила.

Во рамки на вежбата ќе се слушаат симулирани пукотници и детонации, како дел од сценариото за обука и проверка на реакцијата на службите.