Докторката Лилија Чолакова-Дервишова, очекува Фондот за здравство, Министерството за здравство да направат пресметки и да им го зголемат капитацискиот бод, за да не згасне примарното здравство. За повеќе од дваесет години добиле 30 денари покачување, а Фондот им ја исплаќа со три месеци задоцнување.
Нема пари за покачување?
По изјавата на ресорниот министер дека нема пари за покачувања, синдикалците тргнаа да бараат решение. Синдикатот на Клиничкиот центар ги поддржува владините политики за капитални инвестиции во здравство, но велат и здравствените работници се капитал кој државата не смее да го изгуби.
Парите не се единствен проблем
Платите не се единствениот проблем во државното здравство. Фалат специјалисти од сите гранки, пациентите чекаат за базични прегледи преку „Мој термин“ со месеци. На сите пропусти во јавното здравство, ги удираат по џеб граѓаните, за сметка на приватното здравство.