Здружението на слободни синдикати на Словенија (ЗССС) си постави за цел најниската основна плата да ја изедначи со минималната во 2024 година, објави СТА. Претседателката на Здружението, Лидија Јеркич, ги повика претставниците на синдикатот да направат притисок за раст на платите на сите нивоа, а како можност се наведува и организирање на протести.

Како што истакна таа, основните плати на многу места се пониски од минималната. Во јавниот сектор минималната плата е само во 26, од 66 класи, а во приватниот сектор во седум од девет тарифни класи.

ЗССС годинава ќе инсистира најниската основна плата во двата сектора да биде еднаква на минималната плата. Тоа значително би го почувствувале сите кои сега се исплатени до минималецот, бидејќи основната плата е основа за пресметка на надоместоците. Ако владата не излезе со предлог законско решение, тоа можат да го направат синдикатите со собирање потписи.