Сојузот на полицијата на Македонија поднесе Барање за отпуст на внатрешната контрола во МВР поради, како што наведоа, престанување на причините за нејзино постоење.
Во продолжение нивното соопштение
Денес како Синдикат ќе побараме целосно РАСПУШТАЊЕ НА ВНАТРЕШНАТА КОНТРОЛА ВО МВР заради престанување на причините заради нејзиното постоење согласно Закон. Имено, по наша поднесена преставка заради кршење на работен ред и дисциплина како од страна на Министерот Спасовски така и на Одделот за правни работи во МВР, внатрешната контрола иако “преќутно” потврди дека постои кршење на законите, не УПАТИ правдата да ја бараме во друга постапка односно преку надлежниот суд.
Бидејќи како никогаш досега внатрешната контрола се стави во заштита на Министерството, во заштита на Одделот за правни работи кој како никогаш досега ги крши работните права на работникот во МВР, уште денеска Бараме, Министерот Спасовски да ја самораспушти оваа и така неефикасна служба која единствено служи само, за казнување на “обичниот” полицаец додека за другите “наши” НЕ.
Да појасниме како на јавноста така и на вработените : Во поднесената преставка беше претставен еден случај каде веќе со месеци и години со “писмена наредба” се распоредува работник спротивно на член 154 од ЗВР, распоредување кое треба да трае најмногу до 1 месец. НАВЕДОВМЕ ДЕКА ТОА НЕ Е ЕДИНСТВЕН ТАКОВ СЛУЧАЈ И ПОБАРАВМЕ ДА ИЗВРШИТЕ ДЕТАЛНИ ПРОВЕРКИ на работењето на Одделот за правни работи во МВР со кој “стипанисува”една вечна помошничка. Што направивте вие како внатрешна контрола? Го задолживте деташираниот работник во Битола кој веруваме дека нема за ова НИТУ ЕДНА проверка направено за да го добиеме овој ЕКСПЕРТСКИ ОДГОВОР. Секоја чест !
Од тука му порачуваме на Спасовски како Министер дека во моментот ја поседува НАЈЛОШАТА , НАЈНЕПРОФЕСИОНАЛНАТА и НАЈНЕЕФИКАСНАТА внатрешна контрола која досега постоела воопшто во Министерството за внатрешни работи. Секојдневно баналните и незаконски одговори кои ги добиваме го потврдуваат тоа……
Од тука ќе испратиме порака до раководството на ОВККИПС ….. Најхитно да ја проверите веродостојноста на овој одговор. Имате 5 дена. Доколку не добиеме одговор дали останувате со истиот или дека ќе постапите согласно Закон, Јавно ќе ги објавиме сите Ваши одговори кои сметаме и знаеме дека се незаконски (ќе објавиме и образложиме зошто е тоа така)…. Почитуван Помошник на Министерот Андонов Вие сте на потег….Веруваме дека Вие не сте криви НО НЕМА ДА ДОЗВОЛИМЕ Вашите подредени началници да манипулираат со Вас и вработените. Доста е СЕ ПРЕТЕРА веќе….
ПС: Членовите 57 и 58 се од Законот за внатрешни работи и се однесуваат за Вашиот ОДДЕЛ, стои во соопштението на Синдикат на Полиција во Македонија – СПМ