Британските медиуми пренесуваат дека кинескиот Институт за биолошки производи во Вухан не прецизираше кога фабриката ќе почне да работи со полн капацитет.

Најавата за изградба на фабриката е голем проект на „Синофарм“, што е поддржан од државата, со цел да се направат три милијарди дози вакцини годишно.

Институтот за биолошки производи во Пекинг, каде „Синофарм“ веќе има фабрика, исто така, може да произведе милијарда дози годишно и да изгради нов производствен капацитет.

Кина досега одобри три вакцини против Ковид-19 за општа употреба: Синофарм, Синовак, КанСино и уште три вакцини од домашно произведство за итна употреба.