На автопатот Скопје – Велес во близина на местото викано Ветерско синоќа околу 19 часот се преврте автомобил марка „вектра“ со скопски регистерски таблички управувано од 24 годишната Ј.А. од Велес. Девојката се здобила со повреди и со возило на Брза помош е пренесена во велешката Општа болница, а увид на местото на настанот направи екипа на СВР Скопје, информираат за МИА од МВР.
Од Брзата помош во Велес велат дека екипа била повикана на местото на несреќата, која на девојката и дала прва помош, по што била пренесена во велешката болница.
-Девојката се здобила со мали посекотини на брадата и лицето кои и се санирани, а извршено е и рентген снимање, информира за МИА др Љупчо Леов, ортопед од Хурушкото одделение при велешката Општа болница.
По 12 часовна опсервација утрово девојката е препретена на домашно лекување, информираат од Хирушкото одделение при велешката болница.