Синот на пратеникот Кастриот Реџепи се уште не остварил контакт со својот татко и исплашен е за неговиот живот – дознава Радио Лидер од пријатели на семејството Реџепи.
Синот на Реџепи, кој инаку живее во странство, бил убеден дека неговиот татко не го направил денешниот чин доброволно и дека негде е држен од страна на насилници од СДСМ и ДУИ кои го принудувале да ги пишува објавите и со вперена пушка да прави видео на Фејсбук.
Инаку, во текот на денешниот ден, синот на Реџепи во неколку наврати бил во комуникација со раководството на БЕСА, на кои им се извинувал и им кажувал дека татко му сигурно е приморан.
Тој се уште не може да го добие татка си, иако Талат Џафери ја затвори седницата за интерпелација.
Опкружувањето на Реџепи се плаши дека пратеникот ќе го принудуваат да поднесе оставка за на негово место да дојде пратеник од СДСМ.