Бесар Мемеди за БНТ вели дека бил во Бугарија за да го препознае телото на неговиот татко, кое било пронајдено во кабината за спиење. Официјално, сè уште не е утврдено дали Мемеди управувал со автобусот.
Бесар за БНТ раскажува дека неговиот татко имал 54 години и над 20 години искуство како возач. Често патувал во Германија и Турција и ги знаел рутите.
Според него, автобусот бил стар 3 години и технички исправен, а „Беса транс“ има сервис и во Турција. Неговиот татко во Турција заминал во четвртокот, а во петокот веќе пристигнал и се слушнал со синот.
Бесар тврди дека во неговиот татко автобусот не дозволувал патници со опасен багаж – ниту со пиротехнички средства, ниту со гориво.
Од списокот на преживеани во несреќата, според Бесар, има еден со име Шади Науф ал Салех, кој не е на списокот за патници на „Беса транс“ .