Продолжува драмата меѓу строгите правила на (некојси таму) Еуроконтрол и желбите на ДУИ. Некој си таму Еуроконтрол и некој си таму дански тестирачи на контролори за летање одлучиле да му застанат на патот на ДУИ, партијата која за сопствени хирови е на пат да ги застане сите авиони на македонското небо. Со прости зборови, тројцата членови на управниот одбор на МНАВ и директори во агенцијата: Фахрудин Хамиди, Миѓан Селмани и Влатко Крстевски, сакаат да го поништат огласот за контролори на летање, зашто од 270 пријавени, положиле само 8 кандидати, меѓу кои не се нивните, а ни пријавените деца на функционери од ДУИ.
СДК.мк пишува дека контролорите на летање кои се вклучени во процесот на тестирање на кандидатите за школување за идни контролори вчера попладне во канцеларијата на директорот на МНАВ Фахрудин Хамиди оставиле протестна нота и поднеле оставки на местата за надзор на процесот, бидејќи не сакаат да учествуваат во уривање на успешниот оглас, на кој биле избрани најдобрите 8 кандидати за обука во Данска. Станува збор за 12 искусни контролори на летање од повисок ранг во професијата – инструктори, раководители и експерти.
Според претседателот на Синдикатот на контролори на летање Александар Тасевски.директорите Хамиди, Селмани и Крстевски, ги натерале членовите на комисијата да побараат отчет од економскиот оператор од Данска за секој од одбиените 262 кандидати: зошто не поминал, со колку бодови паднал, но и податоци за осумтемина со највисоки оценки – зошто баш тие биле избрани и слично.
Многу деца на функционери од ДУИ, паднале уште за време на претселекцијата. Не го поминале ни првото ниво, a меѓу нив и синовите на Селмани и на Крстевски.
За жал на партиските кадровици во Македонија, за контролор на летање мора да се поминат строгите тестови на Еуроконтрол. Првиот дел од ФЕАС – тестот на Еуроконтрол (сложениот тест има три дела), не го поминал ниту еден од овие 26 вратени кандидати со притисок. По неколку фази на строга селекција и полагање на компјутер пред данскиот оператор и под надзор на нашите искусни контролори на летање, кои сега сакаат да се повлечат од процесот, избрани се најдобрите осум.
Целиот текст ТУКА