Сирените за тревога се огласија во голем број украински градови – од Лавов на крајниот запад на земјата до Днепар, Черкаси и Запорожје на југоисток. Во последните три града се слушнале експлозии.

-Еден проектил го погоди центарот на Днепар и железничката зграда, рече градоначалникот.

Украинските железници соопштија дека никој не е повреден во нападот.

Бегалците од фабриката за челик Азовстал во Мариупол неодамна пристигнаа во Запорожје, кој исто така е нападнат.