Лука Лучи, еден од водачите на „Ултра“ навивачката група на Милан, е осуден на седум години затвор поради продажба на дрога, пренесе ТопСпорт.

Според „Калчомеркато“, Лучи бил дел од поголема дилерска група, која работела со марихуана, хашиш и кокаин, пред да биде уапсен во декември по посебната истрага. Обвинителите тврдеа дека Лучи е лидер на криминална организација која организирала продажба на дроги преку софтверот „Енкрочет“ преку телефони купени во Холандија и оддржувал врски со дилери во Бразил и Мексико.

Ултрасите остануваат важен дел од италијанскиот фудбал и покрај ваквите чести врски со криминалното подземје.