Нова веб-страница healthalert.mk на која има податоци за состојбата со западнонилската треска, ризичните подрачја и преземените активности, промовира денеска на прес-конференција министерот за здравство, Сашо Клековски. Опфатени се податоци од Клиниката за инфективни болести, Институтот за јавно здравје и Центарот за јавно здравје, а во иднина ќе има податоци и од Агенцијата за храна и ветеринарство.

– Со цел да обезбедиме навремено и максимално транспарентно информирање на јавноста за западнонилската треска, подготвивме нова веб-страница, која на едно место ги обединува сите податоци. Овде се комбинираат податоци во врска со епидемиолошката состојба, ризичните подрачја и преземените активности. Оваа мапа е благодарение на општествената одговорност на ГДИ – ГИС ДАТА, работена изминативе неколку дена – рече Клековски.

На веб-страницата, појасни, е прикажана мапа со бројот на случаи со западнонилска треска, а во долниот агол стои кога е направено последното ажурирање.