Доминантниот Манчестер сити, кој има пет титули во последните шест сезони во Премиерлигата, а сезонава брка „триплета“, има еден европски трофеј од КПК во 1970 година и без некој позабележителен настап во европската елита, со најдобар пласман финалето во 2021 и поразот од Челси.

Но, ова второ финале во историјата за „граѓаните“ може експресно да им донесе историски момент и влез во самиот крем на европските великани освојувачи на трофејот. Победат ли со Интер вечерва од 21 часот во Истанбул, ќе станат 15-от клуб во историјата на најелитното натпреварување кој стигнал до трофејот без пораз, а само осми во ерата наречена Лига на шампиони.

Повеќе од деценија помина откако некој клуб успеал првпат да го крене највредниот клупски пехар, а последен пат тоа беше Челси, кој во 2012 година стана европски шампион за прв пат во историјата. А, севкупно Сити би бил 23-от освојувач на „големите уши“ и на Англија би и донел 15-ти трофеј првак на Европа.