Чернихив, град во северна Украина, е опколен од страна на руските сили. Градоначалникот утринава изјави дека во градот има 44 тешко повредени, од кои три деца, кои не може да се евакуираат.
Скај њуз објави дека растат стравувањата дека Чернихив, кој се спротивставува на руските напади уште од првите денови на инвазијата, може да стане новиот Мариупол.
Чернихив е недалеку од границата со Белорусија. Се наоѓа на патот што ја поврзува Белорусија со украинскиот главен град Киев. Целосно е опколен, а жителите кои не можат да избегаат мора, покрај руското гранатирање, да преживеа и без струја и вода за пиење.