Како што јавува новинарот на Сител телевизија Мартин Арсов денеска по вклучувањето во програма веднаш бил нападнат вербално а ѝ физички од Кристина Депо која е инаку задолжена за односи со јавност во Град Скопје. Откако тој завршил со вклучувањето во живо дотичната веднаш му пристапила и му изреагирала велејќи дека не е задоволна од тоа што тој кажал, инаку Арсов вели дека цело време додека бил во живо таа стоела позади камерата и чекала да слушне што ќе каже тој односно дали ќе каже нешто лошо за Данела Арсовска.
Кога тој се доближил до неа таа веднаш замавнала и му го удрила телефонот, Арсов веднаш изреагирал велејќи и дека таа нема право тоа да го прави на што Депо дрско и безобразно одговорила дека има право да го прави тоа бидејќи може да ја снима. Депо не престанала со своето безобразно однесување кон новинарот на Сител и продолжила вербално да го напаѓа и како капак на се сè произнела дека нема да одговори на ниту едно прашање кое ќе и биде поставено.
Арсов бара од ЗНМ да реагира, бидејќи ваквото однесување е вистинска тортура и притисок врз новинарите.
Во продолжение можете да ја видите Кристина Депо – задолжена за односи со јавност во Град Скопје