Ракометарите на АЕК одбиваат да го почнат натпреварот со Алкалоид додека нивните навивачи не дојдат во СЦ „Борис Трајковски“ во Скопје.
На официјалното претставување пред реваншот од ЕХФ Европскиот куп, играчите на грчкиот тим беа до теренот, но не истрчаа, бидејќи ги нема нивните најавени 200 навивачи.
Според информациите во грчките медиуми, на македонско-грчката граница биле пуштени само 200 навивачи, а исто толку биле вратен назад.
Во салата има место обезбедено за Грците, но тие сè уште не се пристигнати.
Останува да се чека реакцијата на надлежните.
На првиот натпревар, во Атина македонскиот тим победи со 29:25.
Извор: Миа