Поранешниот словачки министер за надворешни работи Мирослав Лајчак ја напушта позицијата советник на премиерот Роберт Фицо. Одлуката следува по објавувањето на негови комуникации со осудениот сексуален престапник Џефри Епштајн.

Словачкиот премиер Роберт Фицо соопшти дека ќе ја прифати оставката. Притоа ги критикуваше оние што го напаѓаат Лајчак, оценувајќи дека станува збор за лицемерие.

„Миро повторно се покажа како одличен дипломат и ја прифаќам неговата понуда за прекин на соработката, иако сите ние, не само јас, губиме неверојатен извор на искуство во дипломатијата и надворешната политика. Чудно е што слична симбиоза на медиумите, опозицијата и владините партии не го таргетираше лидерот на опозицијата Шимечек, кој претставува значително поголем ризик за угледот на нашата земја преку измами со грантови на ниво на Словачка и ЕУ отколку советникот на премиерот, Мирослав Лајчак“, се наведува во соопштението на Фицо, пренесува „Дневник Н“.

Во САД вчера беа објавени нови документи поврзани со случајот на Џефри Епштајн. Меѓу нив се и комуникации во кои се споменува името на Лајчак.

Објавената серија судски документи, според информациите, содржи околу три милиони страници, 180.000 фотографии и 2.000 видеа.

Епштајн, милионер познат по контактите со бројни јавни личности, почина во затвор во 2019 година, додека чекаше федерални обвиненија за трговија со луѓе