Премиерот Зоран Заев денеска беше во посета на Прилеп за да изврши увид во завршените градежни работи на модуларната болница. Воедно, тој треба да присуствува и на почеток на изградба на нова енергетски ефикасна градинка. Претседателот на Владата на денешните работи активности е придружуван од министрите за труд и социјална политика и за здравство, Јагода Шахпаска и Венко Филипче, но и градоначалникот на Прилеп, Илија Јованоски.
Но, сепак работните активности на премиерот Заев останаа во втор план бидејќи тој во придружба од министерот за здравство, Венко Филипче заедно пристигнале со хеликотер. На новинарско прашање, Заев ја потрврдил оваа информација.
Она што е спорно во овој случај е дека Заев и Филипче летаат со хеликоптери на државна сметка. Но, не само тоа. На нив воопшто не им е важно здравјето на граѓаните. Возет мотори додека умираат луѓе, а овој пат се луксузираат и со хеликоптер на државна сметка, додека народот пати. Да направиме паралела, во Прилеп има 310 луѓе починати од Корона, а за ниту еден од нив не полетал хеликоптер.
Власта се луксузира со државни пари, а скандалите не престануваат. Непосредно пред оваа случка, вицепремиерот Николовски беше во Дубаи, а секретарот од Владата на Заев, Драги Рашковски отиде на одмор во Мексико. Луксузи додека народот пати и умира заради коронавирусот, целосно одлепени од реалноста и проблемите на чесниот Македонец.
Со коментар за оваа случка се јави и пратеникот Петар Ристески кој вели дека Заев бега од проблемите на народот. Неговиот Фејбсук статус може да го прочитате во продолжение.
Заев во Прилеп дојде со хеликоптер!!!
А,како поинаку???
1.Патот Градско- Прилеп го прекина и е сега небезбеден,поради…Posted by Petar Risteski on Friday, April 2, 2021